Вистински капитен – Рамос е новиот „диригент“ во Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид го обезбеди првото место, откако во средата ја победи Борусија Менхенгладбах со 2-0 и ја помина групата во Лигата на шампионите, додека Германците завршија на второто место пред Шахтјор и Интер.

До клучните три бода „кралевите“ беа предводени од капитенот Серхио Рамос, чија игра во одбраната беше извонредна. Меѓу навивачите кружи видео во кое детално се следи играта на Рамос, како и неговите упатства до соиграчите кои покажуваат колку е тој важен на теренот.

„Лука, со мене! Тони, Тони!“, им наредува Рамос на Крос и Модриќ кои се позиционирани пред него.

Рамос му даде „специјални“ упатства на својот колега од одбраната, Рафаел Варан, а исто така успеа да му даде инструкции и на нападот, упатувајќи совети до напаѓачот Карим Бензема.

 

 

Се вчитува...