Вистински потег на Перез – Касилјас се враќа во Реал Мадрид

Реал Мадрид објави дека легендарниот репрезентативец на Шпанија и капитен на Реал Мадрид, Икер Касилјас се приклучува на Фондацијата на „кралевите“ како заменик на извршниот директор.

Икер освои 19 титули во текот на својата 25 годишна кариера и тоа: 3 европски купови, 3 светски клупски куп, 2 европски суперкупа, 5 лиги, 2 купови на кралот и 4 суперкупа на Шпанија. Во Португалија, со Порто, тој освои 2 лиги, 1 Куп и 1 Супер куп. Со шпанската репрезентација тој има настапено на 167 натпревари и има освоено 1 Светски куп, 2 Европски купа и 1 Светско првенство до 20 години. Со неговото големо искуство, се вели дека Касилјас ќе даде голем придонес во иднина за развојот на Реал Мадрид.

„Икер е дел од историјата на нашиот клуб, тој е најдобриот голман што некогаш играл за Реал Мадрид“, се вели во соопштението на клубот.

Според шпанските миедуми се вели дека враќањето на Икер во Реал Мадрид, е најава за враќање и на други легенди во новиот проект на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...