„Вистинскиот“ Роналдо: Еве што е разликата меѓу мене и Кристијано…

Бразилецот Роналдо е секогаш интересен за фудбалската јавност, а поранешниот „феномен“ во интервју за „Газета дело спорт“ говореше за сличностите и разликите меѓу него и Кристијано Роналдо.

Многу работи се различни, меѓу другото и позицијата во тимот што ја имав јас и што ја има тој, во Реал или во Јувентус. Најголема разлика е што јас тренирав затоа што морав, а Кристијано затоа што го сака тоа, и затоа стигна онаму каде што е сега. Ако правиме споредба, имаме само една сличност – желбата за постигнување голови и кај мене и него е неверојатна“ – истакна бразилската фудбалска легенда.

Роналдо даде свое мислење и за доделувањето на „Златната топка“ на Лука Модриќ.

„Сите фудбалери знаат, во мундијалска година кога станува збор за „Златната топка“ во предвид се земаат игрите и резултатите на Светското Првенство. Според мене, Модриќ заслужено стигна до наградата бидејќи ја одведе Хрватска до финалето. Тој заврши многу подобра работа отколку Кристијано со Португалија, тоа е реалноста и затоа дојде до признанието“ – изјави Роналдо.

Се вчитува...