Вицешампионот Германија го заврши настапот на хокеарскиот турнир на ЗОИ

Сензационалниот освојувач на сребрениот медал на хокеарскиот турнир на минатите Зимски олимписки игри во Пјонг Чанг, Германија го заврши настапот на игрите во Пекинг уште во првата елиминациска фаза.

Подобри од Германците со 4-0 беа Словаците кои обезбедија пласман во четвртфиналето на олимпискиот турнир. Худачек, Чехларик, Кристоф и Хривик беа стрелци во победата на Словачка која во четвртфиналето ќе се сретне со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.

Во второто осминафинале утрово во еден израмнет натпревар Данска славеше над Летонија со 3-2. Данците во четвртфиналето ќе се соочат со актуелниот олимписки шампион, репрезентацијата на Русија.

Се вчитува...