Актуелниот вицешампион на Македонија, на еден ден месец од стартот на новата кошаркарска сезона објави дека се ребрендира и во новиот шампионат ќе настапува со ново име, КК Скопје.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ – име кое носи препознатливост, традиција и амбиција, но пред сè, име кое го обединува духот на нашиот град и спортската енергија на Општина Гази Баба.
Ова не е само промена на името.
Ова е нов чекор во градењето на една уште поголема и попрепознатлива спортска приказна.
Гази Баба отсекогаш била место каде што се создаваат спортисти, каде што се живее за спортот и каде што младите го учат најважното – дека со работа, посветеност и тимски дух, границите не постојат.
А таму каде што има спорт, има и навивачко срце.
Затоа, со посебна почит го повикуваме и нашето навивачко јадро – „Пирати“.
Време е повторно да се обединиме.
Време е трибините да имаат глас.
Време е Гази Баба повторно да покаже што значи да се стои зад својот клуб.
КК СКОПЈЕ ќе го носи духот на Гази Баба на секој натпревар, а заедно со „Пиратите“ сакаме да создадеме атмосфера која ќе биде наша препознатлива сила.
Од Маџари до Скопје.
Од традицијата кон иднината.
Од трибините до теренот.
Ова не е само наш клуб.
Ова е клуб на сите што го чувствуваат Скопје и Гази Баба како свои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
