Владата на Австралија ќе мора да му плати пола милион долари отштета на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ја доби битката со Владата на Австралија откако австралискиот суд ги уважи доказите на неговите адвокати за неправедно одземена виза за влез во Австралија.

Судијата Ентони Кели некаде околу 7:20 часот по средноевропско време соопшти дека е поништена одлуката на Ѓоковиќ да му се одземе визата, на Новак мора да му се врати пасошот и сите лични работи и да биде пуштен од притвор во следните 30 минути.

Со одлука на судот, Владата на Австралија ќе мора да му исплати отштета на Ѓоковиќ за неправедниот четиридневен притвор, како и покривање на сите судски и административни трошоци. Според австралиските медиуми висината на отштетата која ќе ја плати австралиската влада може да достигне и до 500.000 долари.

Австралискиот суд денеска донесе одлука за враќање на визата врз основа на процедурални грешки на австралиската влада. Но, Министерот за имиграција се уште има можност од почеток да ја побара комплетната медицинска документација на Ѓоковиќ и да побара негова депортација од земјата, по сосема друга основа.

Сепак, судијата Кели на крајот од судењето истакна: „Немој да сте помислиле повторно да ја укините визата за Новак Ѓоковиќ!“.

Се вчитува...