Прославениот српски кошаркар и поранешна НБА ѕвезда, Владе Дивац денес доживеал сообраќајна несреќа на црногорското приморје.
Според сведоштвата на очевидци, кои ги објавуваат српските медиуми, Дивац паднал од мотоциклот во близина на Луштица. По падот, тој не можел сам да се исправи поради повредите. По пристигнувањето на брзата помош, набрзо бил префрлен во болница за понатамошна медицинска нега.
Досега не се објавени официјални информации за сериозноста на повредите што Дивац ги добил во овој инцидент, но според првичните информации е надвор од животна опасност.
Познато е дека Дивац често престојува во Црна Гора во последните неколку години, а минатата година за време на одморот во Бока Которска бил во друштво на еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Меџик Џонсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА