Влахо: Иако загуби, Работнички против Шкендија го покажа најквалитетното издание сезонава

Првиот круг од сезоната во ПМФЛ, Работнички го заокружи со пораз од Шкендија (2:0) во Тетово. Според тренерот на „романтичарите“ Александар Влахо, тимот го прикажал најквалитетното издание на ова гостување.

„Доживеавме пораз од Шкендија, но ако го погледнеме изданието на тимот во целина, тоа е можеби најквалитетниот меч на Работнички оваа сезона. Има многу позитивни моменти, би сакал да продолжиме со таква игра и на наредните натпревари и верувам дека ќе дојдат многу подобри резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Во следното 12. коло, Работнички в сабота ќе му гостува на Борец во Велес.

Се вчитува...