Влахо: Ја подобривме реализацијата и стигнавме до триумф над Шкупи

Работнички ја оствари првата победа во новата сезона од Првата лига, совладувајќи го Шкупи со 2-0 во второто коло. На домашен терен, тимот на Александар Влахо одигра квалитетен натпревар, го подобри нивото на реализација на шансите и стигна до заслужен триумф.

„Задоволен сум и од играта и од резултатот. Честитки за фудбалерите, ги исполнија во целост тактичките задачи кои ги договоривме пред дуелот со Шкупи. Победивме квалитетен тим, а значително на овој меч ја подобривме реализацијата, она што недостигаше на премиерата против Струга Трим Лум. Сега не очекува нова обврска, куп – натпревар против Велазерими в среда и веднаш се фокусираме на следниот предизвик. Верувам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Сега за „романтичарите“ следи обврска во Купот на Македонија и дуел со Велазерими на гости в среда, а потоа и градското дерби против Вардар во третото коло од шампионатот.

Се вчитува...