Влахо означи старт во Градски парк, договорени три тест дуели пред заминувањето за Банско (ФОТО)

Новиот тренер на Работнички, Александар Влахо попладнево ја имаше првата прозивка со новиот тим на стартот од летните подготовки.

Со доаѓањето на Влахо, во стручниот штаб на „романтичарите“ е приклучен и Филип Маџовски, покрај Славчо Георгиевски. Денешниот почеток на подготовките беше означен и со неколку нови имиња како Кореецот Хјунг-јон Ли, Филип Стојчевски како и Србинот Бошко Паповиќ кој ќе биде на проба наредниот период. Дополнително ќе биде приклучен репрезентативниот голман Дамјан Шишковски.

„По подолго време Работнички не успеа да излезе на европската сцена, па затоа тимот овој период ќе го искористи за неопходната реорганизација и нова играчка консолидација. Заминаа 11 фудбалери, имаме досега три-четири нови имиња, аво наредниот период план е да се доведат уште четири-пет фудбалери за да се комплетира играчкиот кадар. Целта секако е европски излез. И покрај тоа што ќе бидеме подмладени јасно остануваат нашите зацртани цели и за новата сезона“ – истакна Александар Влахо на првиот собир со „романтичарите“.

Подготвена е и програмата за подготовките. Пред заминувањето за Банско веќе се договорени и три пријателски натпревари, на 6. јули против велешки Борец, на 12. јули против Брегалница и на 15. јули против Вардар.

По враќањето од Банско, договорен е дуел со Тиквеш на 3. август, а генералката пред почетокот на новиот шампионат ќе биде на 4. август, но противникот ќе биде дополнително одреден.

Се вчитува...