Влаховиќ конечно ја прекина серијата без гол, но Јуве повторно се мачи (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ конечно ја прекина серијата натпревари без погодок, откако погоди во 5. минута од дуелот на Јувентус против Удинезе во Серија А.

Влаховиќ беше прецизен од пенал, во првиот натпревар за Јувентус по отказот на хрватскиот тренер Игор Тудор. Додека не се најде нов тренер, Јувентус ќе го води Масимо Брамбија од клупата.

Влаховиќ можеше да постигне уште еден гол, но беше поништен поради офсајд. Па, затоа на спротивната страна следеше казната, па Удинезе успеа да израмни за 1-1 на полувремето, со голот на Заниоло во првата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...