Замената за Влаховиќ во Јувентус ќе пристигне од Аталанта?

Душан Влаховиќ би можел на лето да замине од редовите на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Голема е веројатноста дека торинскиот клуб по одземените бодови нема да се најде на место кое води во Лигата на Шампиони следната сезона, а доколку не игра во најсилното фудбалско натпреварување се очекуваат и серија заминувања.

Еден од нив е Влаховиќ кој пристигна како големо засилување од редовите на Фиорентина за 80 милиони евра. Досега одигра 43 натпревари во „црно-белиот“ дрес, а постигна 19 голови со што продолжи да го мами интересот на остнатите европски великани. Еден од оние кои е заинтересиран за услугите на 23-годишникот е Реал Мадрид од кој се очекува и официјална понуда за трансфер во престојниот преоден рок.

А, Јувентус веќе ја знае и неговата замена. Станува збор за 20-годишниот дански голгетер Расмус Хојлунд кој оваа сезона постигна 13 гола во дресот на Аталанта. Станува збор за суперталентиран голгетер за кого се интересираат и Милан и Рома, како и клубови од Англија, но челниците на Јуве се оптимисти дека ќе успеат да го доведат во своите редови како замена за Влаховиќ.

Се вчитува...