Во Англија полемика поради поништениот гол – ВАР го толкува кој како сака (ВИДЕО)

Во Англија денеска полемика по поништениот гол на Нотингем против Тотенхем, а не кое повторно „кумуваше“ ВАР.

Во 67-та минута, мрежата на Спарс се затресе, но претходно, Кински одбрани удар од Гибс-Вајт, а потоа дефанзивецот на Нотингем постигна гол со пад.

Сепак, ВАР утврди дека Вилијамс ја испратил топката во мрежата со рака, сето тоа во желба да ја заштити главата за време на ударот, бидејќи Сандро Тонали исто така тргна кон топката, но со нога.

Судијата Крег Посон доби јасна инструкција по прегледот на ВАР и ја објави одлуката:

„По прегледот, топката ја допре раката на третиот играч на Нотингем Форест пред да биде постигнат голот. Конечната одлука е слободен удар за Тотенхем.“

Сепак, тренерот на Нотингем, Оливер Гласнер тврди дека немало доволно докази за голот да биде поништен.

„Не мислам дека ВАР може да интервенира ако е само претпоставка. Не беше јасно или очигледно. Имавме состанок пред почетокот на сезоната каде повторно ни беше кажано дека ВАР може да интервенира само во јасни и очигледни ситуации, и ако мене ме прашувате – ова е погрешна интервенција на системот. Досега го гледав видеото од пет или шест агли, од еден агол може да се претпостави дека топката ја допрела раката бидејќи може да се види како ракавот на дресот малку се помрднал, но не е јасно дали тоа се случило поради реакциите на Тонали. Знам дека е тешко да се биде судија, ни беше кажано да ги поддржуваме судиите, дека интервенциите на ВАР ќе бидат на високо ниво со цел да се зајакне позицијата на судиите, но тоа не го видовме денес. Ваквите ситуации водат до слабеење на авторитетот на судиите“, рече Гласнер по натпреварот.

На крајот, натпреварот заврши без голови.

Се вчитува...