Сем Алардајс не можеше да го сoкрие својот ентузијазам, иако се веруваше дека се пензионирал и дека ќе ужива во вилата во Шпанија, па по неколку години, „Биг Сем“ се враќа на фудбалската сцена. Повторно истата работа, специјалист за „преживување“. Овој пат, Сем ќе биде тренер на ВБА кој е 19-ти на табелата, но многумина не се сомневаат дека Англичанецот ќе успее да го спаси тимот и да му обезбеди опстанок во Премиер лигата.
Неговата кариера беше кратка, поради скандали и „перење“ пари, тој беше принуден да се повлече од позицијата англиски тренер.
Алардајс, кој е познат по изјавите дека без проблем ќе освојува титули во Англија со Јунајтед и Челзи, поголемиот дел од својата кариера го помина во борба за опстанок. Тој ги предводеше Блекпул, Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем и Евертон.
Инаку е познат по конфликтите со странски тренери во Англија, за кои вели дека се преценети.
За седум дена, Сем ќе се спротистави на Клоп, со кого се судри во 2015 година, кога го предводеше Сандерленд. Тогаш тој го нарече „мекуш“, по протестите и пцовките од клупата на Ливерпул, кога Ленс направи прекршок на Сако, а Германецот побара црвен картон. Имаше вербална расправа, мораше да реагира и обезбедувањето, па едвај го смирија „Големиот Сем“, кој сакаше физички да се пресмета со Клоп и неговиот стручен штаб.
Кога остана непоразен против Челси на Мурињо со класичен бункер, тој се насмевна додека Мурињо тврдеше дека играчите на Сем играле фудбал од 19. век.
“Не ми е гајле што ќе каже, тој едноставно не може да издржи. Тренерите како Мурињо постојано се палат на судиите, скокаат околу клупата како кловнови, забавно е да се гледаат. Тие се многу смешни кога не победуваат”, рече Алардајс.
Сега, на „лудите“ Клоп и Мурињо ќе им се придружи уште” полудиот“ Сем, а ова е најава за интересно и крајно забавно првенство во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА