Во Бразил нема веќе дискриминација: Фудбалската федерација донесе одлука за еднакви плати

Фудбалската федерација на Бразил стана само четвртата во светот која реши да ги израмни сумите кои ги исплаќа на машкиот и на женскиот национален тим. Репрезентативките на оваа традиционално фудбалска земја ќе добиваат исти надоместоци за ангажманот како и машките колеги. Претходно вакви одлуки донесоа фудбалските федерации на Нов Зеланд, Норвешка и на Австралија.

Од Федерацијата објаснуваат дека ова правило ќе важи и за настапите на Светските првенства и на Олимписките игри. Репрезентацијата на Бразил нема натпревар од март годинава кога поради светската пандемја на коронавирусот беа одложени сите натпреварувања.

Еднаквите плати во машкиот и во женскиот национален состав се голема тема во светот на фудбалот. Најголема врева се крена во САД каде репрезентативките токму поради ова ја тужеа Федерацијата и го загубија спорот.

Се вчитува...