Голманот на Беневенто, Алберто Брињоли, стана хит во фудбалска Италија, откако му даде гол со глава на Милан во последното коло од Серија А и тоа во 95.минута, израмнувајќи на 2-2, за прв историски бод на овој тим во елитната конкуренција. Реакциите не стивнуваат, а во гратчето Беневенто тој е вистински херој.
Доби и пица со своето име. Отсега во познатата пицерија „Вераче“ во Беневенто ќе се подготвува и ќе се продава како специјалитет пицата „Брињоли“.
„Таа ќе биде вистински специјалитет. Алберто Брињоли е наш редовен гостин, а поради чудесниот гол отсега ќе воведеме и нова екстра пица во менито која ќе го носи неговото име. Ќе биде прекрасна, како и погодокот“, истакнаа од пицеријата „Вераче“ за италијанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА