Во Дортмунд владеат други вредности: „Жолтиот ѕид“ му скандираше на Нури Шахин (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд оваа сезона игра фантастичен фудбал и се наоѓа на врвот на табелата во Бундес-лигата, но имаше и периоди кога на тимот не му одеше најдобро. Верноста на фановите на овој клуб се граничи со лудило, а уште еден пример за нивната посветеност кон секој што го носел дресот на „милионерите“ беше вчерашниот меч против Вердер Бремен.

Пред стартот на натпреварот, тие му скандираа на Нури Шахин, кој оваа сезона е член на Вердер, а во минатото настапуваше за Борусија Дортмунд. Тој доби аплаузи од „Жолтиот ѕид“, трибината каде што се сместени најверните фанови на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...