Украина среде воена состојба поради агресијата на Русија и војната низ земјата го уапси првиот човек на фудбалската федерација Андреј Павелко поради злоупотреба на положбата и перење пари.
Павелко заедно со Јури Записотски се обвинети дека злоупотребиле фондови и переле пари при изградба на фудбалски игралишта на вештачка трева. Обвинението е покренато по тригодишна истрага започната далеку пред да почне инвазијата од Русија во февруари годинава.
Павелко е обвинет за злоупотреба на 270.000 долари и се соочува со 12 годишна затворска казна. Тој е на чело на федерацијата од 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА