Во Формула 1 се случи нешто што ретко се гледа (ВИДЕО)

Квалификациите за Големата награда на Канада донесоа нешто што ретко се гледа во Формула 1 шампионатот, потточно се нема случено цели 27 години.

Имено, возачите на Мерцедес и Ред Бул, Џорџ Расел и Макс Ферстапен постигнаа идентично време од 1:12:000. Британецот прв го постави ова време па и ќе стартува од пол-позицијата, додека Ферстапен е на втората позиција.

Третото место во квалификациите му припадна на Ландо Норис, а по него следат Пијастри, Рикардо, Алонсо, Хамилтон, Цунода, Стол… Двоецот на Ферари Леклер – Саинц ќе ја започне ГН на Канда од 11 и 12 место.

Се вчитува...