Во Гранада нема публика, но гол навивач влета на теренот на мечот со Манчестер Јунајтед (видео)

Мечот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед, како и сите останати од Лигата на Европа, се игра без присуство на публика, па затоа фудбалерите на двата тима беа шокирани откако по само пет минути игра на теренот влета гол навивач.

Тој истрча пред шеснаесетникот на „црвените ѓаволи“ додека Гранада градеше акција на противничката половина, а десетина секунди подоцна беше фатен од полицијата на стадионот.

Се вчитува...