Во Интер бесни: Со јуниори против Елмас во Купот на Италија?

Одлуката за новиот натпреварувачки календар во италијанскиот фудбал предизвика бурни реакции меѓу клубовите кои се дел од полуфиналните дуели од Купот на Италија. Имено, предвидено е реваншите од полуфиналето меѓу Наполи и Интер, односно Јувентус и Милан, да се играат на 13 и на 14 јуни, а веднаш потоа – веќе на 17 јуни да се одигра и големото финале во ова натпреварување.

Веќе на 20 јуни продолжуваат и натпреварите од Серија А, а клубовите се бесни поради фактот дека играчите не се во посакуваниот тренажен процес, а три меча во периодот од 13 до 20 јуни сериозно го зголемуваат ризикот од повреди. Најразочарано делуваат од таборот на Интер, од каде најавуват дури и сценарио – „нероаѕурите“ со јуниорскиот состав да истрчаат на реваншот во Неапол. Во ситуација кога имаат негатива од првиот меч во Милано, Конте и клупските директори се во сериозна дилема да се откажат од купот за да не ризикуваат со повреди, па потоа да се фокусираат на Калчо-лигата.

Иако по променливите игри на почетокот од 2020 година Интер падна на третото место, со девет бода помалку и меч помалку од Јувентус, кај Конте и неговите избраници владее оптимизам дека оваа негатива може да биде надополнета.

Се вчитува...