Во Јувентус бесни – Дибала на трансфер-листа

Неуспешната рунда преговори за нов договор со Пауло Дибала предизвика огромен бес кај челниците на Јувентус, па аргентинскиот голгетер сега е достапен за трансфер доколку се добие интересна понуда за негов ангажман. Водечките луѓе на Јуве се разочарани од односот на својот фудбалер, бидејќи начелно беа договорени условите за продолжување на соработката за плата од 10 милиони евра (со бонуси оваа сума лесно достигнуваше 12 милиони евра годишно).

Вчерашниот состанок требаше да биде само потврда на договореното, но агентот на Дибала ги шокирал челниците на клубот со барањата за плата од 15 милиони евра. „Црно-белите“ се разочарани од односот на фудбалерот, не отстапуваат од понудата што начелно беше прифатена и воедно се закануваат дека тој може да биде продаден летово.

Реал Мадрид и Манчестер Сити ја следат ситуацијата и подготвуваат понуди во кои ќе бидат вклучени фудбалери, „кралевите“ како „мамка“ го подготвуваат Иско, додека „граѓаните“ се подготвени да го испратат Габриел Жезус во Италија за да стигнат до Дибала.

Се вчитува...