Во Клуж да се одигра како во Скопје – ракометарите полетаа за Романија (ФОТО)

Македонските ракометари утрово отпатуваа за Клуж, каде утре ќе го играат реваншот дуелот од баражот за пласман на СП 2019 против селекцијата на Романија.

Добро познато е, нашиот национален тим има одлични „плус осум“ од првиот натпревар, предност што треба да биде доволна за нова мундијалска виза. Искусните во составот гласно порачуваат дека нема да дојде до опуштање, а квалитетот дефинитивно е на страната на Раул Гонзалес и неговите избраници, да го продолжат континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Македонија денеска ќе има тренинг во салата каде ќе се игра реваншот со Романија, а утрешниот натпреварот е закажан со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...