Во Колумбија како во времето на Пабло Ескобар (ВИДЕО)

Натпреварот од 13. коло во колумбиското првенство помеѓу Кортулуа и Депортиво Кали беше прекинат во самиот финиш откако незадоволните навивачи на гостинскиот тим влетаа на теренот.

Незадоволството од резултатот кој во 82. минута изнесуваше 2-0 за последно пласираниот тим на табелата ја прелија чашата па „верните“ ултраси се одлучија да му одржат лекција на тренерот. Несреќниот човек не можеше ништо да направи освен да соочи со критиките, а притоа „доби и по некоја воспитна“.

Сцените кои доаѓаат од Колумпија потсетија на времето на Пабло Ескобар кога ваквиот однос често се гледаше на теренот па медиумтие во Јужна Америка го осудија немилиот настан. За среќа, брзата интервенција на полицијата спречи линчување, но притоа мораше да употреби сила за да го изнесе тренерот надвор од теренот.

 

Се вчитува...