Во летниот преоден рок беа направени 12.500 трансфери за кои се потрошени 9.89 милијарди долари

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека 267 фудбалери кои настапија на Светското првенство кое летово се одржа во САД, Канада и Мексико, ги промениле екипите во преодниот рок, а на нивни трансфери се потрошени 3.3 милијарди долари.

„Покрај податокот дека Светското првенство се консолидираше како значаен глобален настан кои предизвикува големо внимание, тоа им помогна на играчите да трансфер пазарот. Вкупно 267 од 47 од 48-те држави кои играа на СП, ги променија клубовите во летниот преодек рок, а на нивните трансфери беа потрошени повеќе од 3.3 милијарди долари“ соопшти ФИФА.

Според податоците на ФИФА, за време на летниот преоден рок повеќе од 12.500 фудбалери низ целиот свет ги променија клубовите и на нивните трансфери се потрошени рекордни 9.89 милијарди долари.

Се вчитува...