Американците молат за Ѓоковиќ да игра во Мајами

Директорот на Мастерсот во Мајами, Џејмс Блејк изјави дека се надева дека најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Флорида.

Ѓоковиќ достави документација и побара специјална дозвола за влез во САД, за да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, со оглед на тоа што американските власти се уште не дозволуваат престој на невакцинирани странци.

„Правилата официјално се менуваат на 11. мај, но ние побаравме од американската влада изземање, бидејќи навистина не го гледаме неговото играње овде како опасност. Тој датум го одредија поради календарот, но ние не можеме да го организираме турнирот по 11. мај, па би сакале Ѓоковиќ да игра тука. Го истакнавме фактот дека тоа би било добро за економијата, заедницата на Мајами и за љубителите на тенисот ширум светот кои сакаат да видат голем шампион во овој град“, рече Блејк.

Мастерсот во Мајами ќе се игра од 22. март до 2. април.

Се вчитува...