Во Македонија ЃП нема позитивни на коронавирусот, тимот продолжува со работа

Голманот на Силекс, Даниел Божиновски доби позитивен тест на корона по натпреварот кој тимот од Кратово го имаше против Македонија Ѓорче Петров. Од таборот на ѓорчепетровци за ЕКИПА информираат дека нема позитивни во клубот и тимот продолжува со работа.

„Нашиот престој во Кратово беше согласно сите препораки од Институтот за јавно здравје. Во престојот во хотел ден пред натпреварот ги почитувавме сите мерки за заштита од коронавирусот, а и на денот на мечот исто така се беше по процедура. Не ја користевме соблекувалната и нашите играчи освен на мечот немаа никаков контакт со фудбалерите на Силекс. Есмин Личина кој е член на репрезентацијата до 21 година направи тест кој покажа дека е негативен, а имаме и неколку репрезентативци до 19 години кои исто така се негативни на Ковид-19. Ние направивме тест и на нашиот физиотерапевт кој исто така беше негативен. Во нашиот тим нема позитивни и затоа продолжуваме со нормална работа“, информираат од клубот за ЕКИПА.

По репрезентативната пауза, тимот од Ѓорче Петров на 22. ноември му гостува на Работнички.

Се вчитува...