Во НБА 50 години никој немаше вакви бројки, а тогаш се појави Никола Јокиќ

Никола Јокиќ е главен фаворит за МВП признанието за регуларниот дел од сезоната, српскиот центар играше извонредно во дресот на Денвер, а бројките што тој ги има остварено се немаат случено во НБА-лигата повеќе од 50 години.

Имено, Јокиќ ја заврши сезоната со 1898 поени (трет стрелец во лигата), 780 сокови (петто место) и 599 асистенции (треторангиран во целата лига). Со овие бројки, центарот на Денвер стана само трет во историјата што бил во Топ 5 играчи во лигата во трите клучни статистички податоци.

Претходно ова им има успеано само на Елџин Бејлор и на Вилт Чембрлен, две легенди на НБА-лигата на кои од сезона друштво им прави и Никола Јокиќ.

 

Се вчитува...