Во обид да ја засили одбраната Ливерпул тропна на вратата на Челси

Управата на Ливерпул во последниот ден од преодниот рок се обидува да ја засили одбраната и тропна на вратата на еден од најголемите конкуренти во Премиер лигата, Челси.

„Црвените“ сакаат одбраната да ја засилат со Мало Густо, но преговорите со Челси не одат во посакуваната насока. Ливерпул планира Французинот да го донесе на едногодишна позајмица, но челниците на Челси инсистираат на трансфер кој сигурно нема да биде мал.

Играчот нема проблем со евентуалната преселба на „Енфилд роуд“, но прашање е дали Ливерпул има пари да го реализира трансферот ако се знае дека вчерашниот трансфер на Бредли Баркола од ПСЖ ги чинеше 125 милиони евра со можност сумата да се зголеми до 140 милиони ако се исполнат бонусите.

Се вчитува...