Во пресрет на финалето на 100 метри: Болт не е среќен со стартните блокови на СП во Лондон

Најбрзиот човек во светот, олимпискиот и светски првак, и рекордер на 100 метри, Усаин Болт, не е среќен со стартните блокови кои се употребуваат во трката на 100 метри на Светското првенство во атлетика, кое вчера започна во Лондон. Тој стартуваше со триумф, но и слабо време (10,08 секунди) во четвртфиналната трка на 100 метри.

„Ова беше лошо, многу лошо. Не сум среќен со изборот на овие стартни блокови. Но, и тоа ќе мора да го надминеме, сите заедно“, изјави Усаин Болт.

Спринтерот од Јамајка е главната ѕвезда на 16. Светско првенство во атлетика, со оглед дека ќе биде и последен голем настан во неговата блескава кариера. Тој вечерва ќе го има настапот во полуфиналето, а потоа и во финалето на 100 метри. Целата светска спортска јавност очекува тој триумфално да се прости од светските првенства, со уште еден златен медал во спринт.

Се вчитува...