Во следната сезона шест „спринта“ во Формула 1

Раководството на Формула 1 денеска соопшти дека во следната сезона ќе бидат возени вкупно шест спринт трки. Саботните спринт трки беа воведени во 2021 година, а покрај пол позицијата, најбрзиот возач добива и дополнителни поени.

Минатата сезона спринт трки беа возени во Силверстоун, Монца и Интерлагос, додека оваа сезона домаќини на „спринтови“ беа Имола и Шпилберг, а бразилската Интерлагос е закажана за 13. ноември.

Домаќините на спринт трките идната сезона ќе бидат познати дополнително. Претходно е соопштено дека идната сезона во Ф1 ќе се возат рекордни 24 трки.

Се вчитува...