Во Сплит како во најдобрите екс-ју времиња: Полна сала, неизвесност и победа на Партизан на секунда пред крајот

Натпреварот на 20. коло во АБА лигата во кој силите си ги одмерија Сплит и Партизан донесе спектакл на југот на Хрватска кој потсети на најдобрите времиња на југословенската кошарка. Во „класиката“ славеше белградскиот тим со 95-96 во суперинтересен натпревар со тројка на Нанали на 1.5 секунди до крајот.

Спектаклот го одбележа израмнета игра на двата дела од теренот. Двата тима имаа свои моменти, но се се сведе на завршните секунди. Во нив поранешниот кошаркар на Карпош Соколи и МЗТ Скопје, Доминик Мавра донесе преднсот од 95-93 за Сплит на 6 секунди пред крајот, но во претпоследниот напад на средбата Нанали погоди обид за три поени по тајм-аутот на Обрадовиќ.

Мавра се обиде одново да го доведе својот тим во предност, но не успеа да погоди во тешкиот обид со звукот на сирената.

Шортер со 25 поени и 5 асистенции го предводеше Сплит, додека по 22 поени постигнаа Мавра и Нелсон. Херојот Нанали со 18 поени беше прво име кај Партизан, а 15 поени додаде Ексум.

 

Се вчитува...