Во Србија тренери добиваат откази поради изјави во медиумите

Во српскиот фудбал во последните неколку дена се случија неколку непредвидени работи. За само неколку дена двајца тренери на Суперлигаши добија откази поради изјави во медиумите.

Најпрво „настрада“ тренерот на Чукарички, Саша Илиќ кој успеа да „откине“ два бода на Партизан, неговиот некогашен тим. После ремито без голови, Илиќ кажа дека неговиот тим играл лошо и дека не заслужил бод. Ден подоцна Илиќ доби отказ.

Вчера, пак, отказ доби и тренерот на Колубара, Дејан Ѓурѓевиќ. Неговата изјава во медиумите беше нешто „построга“ и наменета кон управата.

„Сами сме кројачи на својата судбина, но ме зачудува непочитувањето на луѓето од клубот кон мене. Тоа не го заслужив, пред се што никогаш себе си не се ставав во прв план. Едноставно не е добро кога аматери го водат клубот, и се ставаат пред нас професионалците“, рече Ѓурѓевиќ.

Оваа изјава го остави без работа.

Се вчитува...