Во Струга ТЛ сакаат враќање на победите, „пандевци“ по трите бода против Борец

Струга Трим Лум на премиерата пред своите гледачи го совлада Работнички, па по претходниот пораз од Ренова сега во 3. коло од ПМФЛ се надева дека може истото до триумф и против Силекс.

Во таборот на стружани владее оптимизам, иако се свесни дека ги чека тежок дуел против Силекс кој во претходното коло ја победи Шкендија.

„Не чека навистина сериозен противник. Ќе биде тежок натпревар, но ние атакуваме на трите бода. Ќе се обидеме да одиграме максимално, па во еден таков случај не би требало да изостане и позитивниот резултат“ – вели стратегот на Струга ТЛ, Јетон Беќири.

Академија Пандев, пак, сака продолжување на серијата без пораз. По победата и ремито, „пандевци“ сега размислуваат само на три бода од дуелот со Борец.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО (17 ч.)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – РЕНОВА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ
ВЧЕРА: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2-0

Се вчитува...