Французинот Ерв Ренар официјално ја презеде репрезентацијата на Тунис, откако Сабри Ламуши беше отпуштен по само еден меч на Светското првенство.
Вистинска конфузија се создаде во репрезентацијата на Тунис по тешкиот пораз од Шведска (5-1) на почетокот на СП. Најпрво имаше информации дека Сабри Ламуши е отпуштен, а потоа и вратен на селекторската позиција, за да на крај Туниската фудбалска федерација одлучи, сепак, Ренар да ја води репрезентацијата најмалку на два преостанати натпревари од Мундијалот.
Планот е Ренард да остане на клупата до крајот на учеството на африканската селекција на Светското првенство, по што ќе се водат преговори околу неговиот престој.
Во второто коло, Тунис го очекува дуел против Јапонија, додека во последниот натпревар од групната фаза ќе играат против Холандија.
Ренар веќе пристигна во Мексико каде што ќе тренира со репрезентацијата од 20 часот по локално време.
View this post on Instagram
Французинот има статус на легенда во африканскиот фудбал бидејќи е единствениот тренер кој го освоил Африканскиот куп на нации со две различни репрезентации.
Првпат го шокираше светот со титулата со Замбија во 2012 година, победувајќи го фаворизираниот Брег на Слоновата Коска предводен од Дидие Дрогба и браќата Туре во финалето. Три години подоцна, „слоновите“ ја искористија својата „магија“ и го освоија трофејот во 2015 година.
Во меѓувреме, Ренар беше селектор на Ангола, Мароко и Саудиска Арабија, кои ги водеше на Светското првенство во 2022 година, и во претходните две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
