Војдан е подготвен за камбек, МЗТ Скопје во акција

Капитенот на македоската репрезентација, Војдан Стојановски, конечно ги надмина проблемите со повредата на коленото што подолго време го оддалечи од кошаркарските терени. Тој се повреди пред девет месеци при настап во францускиот шампионат, поради што ги пропушти и последните репрезентативни собири на македонскиот национален тим.

Големиот професионалец главниот дел од рехабилитацијата го мина во Скопје, а откако го мина и последниот дел од програмата Војдан сега е подготвен за камбек на терените.

„Се чувствувам одлично. Во изминатиот период тренирав со вториот тим на МЗТ Скопје и влегов во посакуваниот ритам. Во последните денови тренирав и „пет на пет“, не чувствувам никакви проблеми и очекувам во најскоро време да потпишам за нов клуб и да почнам со натпревари“, изјави Војдан Стојановски за ЕКИПА.

„Јавна тајна“ е дека МЗТ Скопје уште во текот на летото преговараше за да го осигура потписот на Војдан Стојановски, а аеродромци остануваат сериозни кандидати во оваа трка и по доаѓањето на новата управа.

„Веќе разговарав со мојот агент, му кажав дека сум подготвен за камбек за да почнеме да преговараме со сите заинтересирани клубови“, истакнува Стојановски.

Се вчитува...