Војдан пред мечот на сезоната за МЗТ: Сите сме свесни колку е важен натпреварот со Сплит

Кошаркарите на МЗТ Скопје утре гостуваат на Сплит, во уште еден меч што претставува „да се биде или не“ за македонскиот шампион, на кој пораз ќе значи и дефинитивно испаѓање во АБА2.

„Металците“ цела сезона се мачат на гостувањата, немаат ниту еден триумф надвор од Скопје, но се надеваат дека утре конечно ќе имаат среќа и ќе стигнат до толку посакуваната победа.

„Сите сме свесни колку е важен натпреварот против Сплит. Немаме право на „кикс“ до крајот, затоа сме подготвени да изгинеме на парктот за да дојдеме до посакуваната цел. Верувам дека со добра енергија и со борбена гира ќе може да славиме во славната сала „Грипе“ во Сплит“, изјави Војдан Стојановски.

МЗТ Скопје на овој решавачки меч на клупата ќе го нема Драган Николиќ, кој е позитивен на коронавирус, а во негово отсуство тимот ќе го води долгогодишниот асистент Васко Атанасов.

„Ова е натпревр во кој мораме да дадеме се од себе, да одиграме најдобро што можеме и да победиме ако сакаме да ги задржиме шансите за опстанок во АБА1. Изминатава недела се соочувавме со здравствени проблеми, но тоа не ја спречи екипата максимално да ги одработи подготовките за овој натпревар. Против себе имаме квалитетен тим што игра одлично, особено на домашен терен, а на нас е да го дадеме максимумот и да пробаме да останеме во игра во битката за опстанок меѓу најдобрите во регионот“, изјави Атанасов во пресрет на утрешниот натпревар.

Се вчитува...