Македонската кошаркарска легенда Војдан Стојановски е добитник на признанието за најкорисен играч во финалната серија со Маџари, откако искусниот ас го предводеше МЗТ до нова шампионска титула.
Војдан вообичаено ја презеде улогата на лидер, беше најдобар кога беше најважно, својот најквалитетен натпревар играјќи го токму на гостински терен во Маџари.
Војдан Стојановски го заврши вечерашниот натпревар со 17 поени, 3 скокови и 3 украдени топки, а по мечот МВП наградата му беше врачена од уште една македонска кошаркарска легенда, Владо Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
