Војдан Стојановски успешно опериран кај др. Швенк, за неколку дена на рехабилитација во Македонија

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, актуелен играч на францускиот Гравелин Данкерк, не по тешката повреда сакајќи да губи ниту најмалку време е успешно опериран, и тоа во Австрија кај еден од најдобрите европски и светски стручњаци за санирање на повреди во пределот на коленото, др. Швенк.

По задолжителните прегледи на повреденото место, синоќа др. Швенк го изврши оперативниот зафат, кој според Војдан минал во најдобар можен ред. Констатирано е „кинење“ на лигаментот, но нема други оштетувањата во коленото.

Сега, по краткото задржување во клиниката, Стојановски во понеделник претпладне се враќа во Скопје каде ќе го почне оној, се чини потежок и подолготраен процес, рехабилитацијата.

Според првичните проценки, опоравувањето ќе биде во рок од најмалку шест месеци, што значи дека Стојановски би бил подготвен за враќање на теренот некаде од септември.

Се вчитува...