Војдан тргна со тренинзи со Гравелин (ФОТО)

Војдан Стојановски од денеска се приклучи на подготовките на својот тим Гравелин Данкерк, објави францускиот прволигаш на својата официјална страница.

Македонецот пристигна во Франција уште пред неколку дена, но мораше да ги мине сите медицински протоколи пред да добие зелено светло за да му се стави на располагање на стручниот штаб. Токму затоа Стојановски ги пропушти мини-подготовките на својот тим во Белгија, но му се приклучи на тимот веднаш по враќањето на екипата во Франција.

Стојановски пристигна во Гравелин кон средината на месец јануари, по успешниот старт на француската авантура како член на По Ортез. Иако не мина долго време во овој клуб, одличните партии беа причина Гравелин да му понуди нов договор и македонскиот капитен да потпише со овој француски прволигаш до јуни 2021 година.

Се вчитува...