„Војна“ во Наполи: Ми барате скапи играчи, а не плаќате билети и купувате „фалц“ дресови

Тензично е во Наполи во пресрет на новата сезона, тимот не игра најдобро под водство на Анчелоти, а навивачите вината ја бараат кај претседателот Аурелио де Лаурентис, кој одбива да инвестира повисоки суми во играчкиот кадар. Во јавноста се појави и писмо со кое жестоко се критикува првиот човек на клубот за незаинтересираноста да направи конкурентен тим за битка за највисок пласман, за синоќа Де Лаурентис во иста мера да им одговори на тифозите од Неапол.

„Зошто цело време зборуваме за нови фудбалери? Ако навивачите сакаат само да дискутираат зошто не сме донеле играч што тие го сакале, подобро нека молчат. Како можат да бараат од мене да потрошам десетици милиони евра, кога тие редовно купуваат „фалц“ дресови лажно произведуваат и препродаваат роба со логото на Наполи, а влегуваат на стадион без да платат билети. Е кога веќе ме предизвикувате, тоа е мојот одговор“ – изјви Де Лаурентис за локалното радио „Кис Кис“.

Се вчитува...