Војната меѓу Семења и ИААФ стигна до Арбитражниот спортски суд

Во Арбитражниот спортски суд во Лозана почна процесот во кој Кастер Семења ја тужи Интернационалната атлетска асоцијација поради правилото за ограничување на количеството на тестостерон кај атлетичарките кое беше воведено пред извесно време.

Семења и нејзиниот тим се обидуваат да докажат дека регулативата според која атлетичарките со повисоко ниво на тестостерон ќе треба да се натпреваруваат во машка конкуренција е неправедна.

ИААФ, пак, која ја претставува преседателот Себастијан Коу, тврди дека ја правилото ја штити „светоста на фер и отворено натпреварување“.

Двете страни аргументите пред судот ќе ги изнесуваат до петок, а одлуката се очекува да биде донесена до 29 март.

Се вчитува...