Војводина го совлада Нексе за старт на новата сезона во СЕХА

Со натпреварот меѓу Војводина и Нексе почна новата сезона во регионалната СЕХА лига. Домаќините успеаја да слават на домашен терен со 31-25 во првиот натпревар од групата А од која е дел и македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер.

Српскиот тим почна фуриозно и буквално од секоја позиција го полнеше голот на Хрватите, па на пауза замина со позитива од седум гола (19-12). Во вториот дел ракометарите на Војводина само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 31-25.

Миленковиќ и Грозданиќ со по шест гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените по пет постигнаа Кевиќ и Годец.

Се вчитува...