Вокер импресиран од атмосферата во Белград: Вакво нешто нема во НБА

Долгоочекуваното деби на Кемба Вокер во Евролигата се случи на вчерашниот натпревар во Белград каде Црвена Звезда го пречека Монако. Францускиот состав се радуваше на победа во драматична завршница, а Американецот кој се уште не е подготвен за долга минутажа, одигра само десетина минути.

Вокер по натпреварот меѓудругото говореше и за атмосферата која ја доживеа во главниот град на Србија.

„Веше неверојатно, како и што ми кажаа дека ќе биде. Навивачите беа фантастични човече. Доаѓањето во Европа е огромно искуство за мене. Ние, играчите од НБА не можеме да доживееме вакво исксутво, можеби на колеџ. Среќен сум што сум тука“, изјави Вокер.

Се вчитува...