Вокер се премисли околу неговиот трансфер во Баерн

Искусниот фудбалер Кајл Вокер, беше договорен со Баерн Минхен за негов трансфер во Германија. Меѓутоа после разговорот со Пеп Гвардиола, го смени мислењето и сега многу веројатно ќе остане во Манчестер.

Шпанскиот тренер најверојатно му ги кажал причините зошто е важно искусниот англиски репрезентативец да остане на „Етихад“, и тој тоа го прифатил, и покрај тоа што едно време само детали го делеа од потпис со тимот од Минхен.

Претходно одби да го продолжи договорот, меѓутоа сега веројатно е подготвен дури и да ја продолжи соработката. Се чини дека понудата ќе биде доволно за да ги задоволи неговите потреби.

Се вчитува...