Волајд: Македонија ќе биде силна и без Пандев

Селекторот на Естонија, Корел Волајд не се залажува од фактот дека македонската репрезентација ќе биде ослабена, без неколку клучни фудбалери, на утрешниот натпревар во Лигата на нации.

Волајд, како што истакна прес-конференцијата во Скопје, е свесен дека без Пандев, Адеми, Барди, Алиоски и останатите Македонија не е иста, но повторно е голем фаворит за победа.

„Одигравме многу чуден прв натпревар со многу голови. Сега не верувам дека ќе има толку голови. Тогаш Македонија беше во комбиниран состав, но ќе биде и утре. Сепак, без разлика на тоа што ќе биде и без Пандев јасно е дека не чека тежок противник и мора да бидеме максимално подготвени“ – истакна селекторот на Естонија.

Слично е размислувањето и на капитенот Константин Василјев.

„Не чека тежок натпревар. Секако дека Македонија која игра на домашен терен е фаворит, но мислам дека ние ќе имаме свои шанси и ако сме подготвени да ги искористиме можеме до добар резултат“ – изјави Василјев.

Се вчитува...