„Волчицата“ лесно го совлада Спал

Рома ја оствари 11.победа во Серија А оваа сезона, откако на „Олимпико“ лесно излезе на крај со тимот на Спал, славејќи со 3-1. Гостите многу им ја олеснија работата на римјани, откако останаа со играч помалку во раната фаза од мечот. Дефанзивецот Фелипе уште во деветтата минута заработи црвен картон и го остави својот тим на цедило.

Един Џеко тоа го искористи десет минути подоцна и го отвори резултатот, а Кевин Стротман зголеми на 2-0. Лоренцо Пелегрини во 52.минута постигна трет гол за „волчицата“, а Вивиани беше стрелец на почесниот погодок за составот на Спал. Тој изведе пенал кој му беше одбранет, но во вториот обид сепак ја погоди мрежата на Рома.

Се вчитува...