„Волчицата“ лесно и со Удинезе за преземање на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Рома повторно е на врвот од табелата во Серија А, откако во 11. коло триумфираше со 2-0 против Удинезе.

„Волчицата“ до победата дојде со по еден погодок во двете полувремиња.

Најпрво во првиот дел во 42. минута стрелаше Пелегрини од пенал за 1-0.

А, во 61. минута Челик стрелаше за 2-0…

Рома сега е на првото место со 24 бода, два повеќе од Милан и од Наполи.

Се вчитува...