„Волчицата“ нокаутирана за 26 минути

Рома претрпе нов удар во трката за место кое води во ЛШ откако „римската волчица“ вечерва загуби на гостувањето против Сасуоло со 4-2.

Кобни за гостите од Рим беа почетните 26 минути, во кои домаќинот одигра фуриозно и поведе со 3-0. Капуто беше двоен стрелец во првите 16 минути, пред Ѓуричиќ да зголеми на 3-0. Един Џеко намали на 3-1 на почетокот од второто полувреме, со што репрезентативецот на БиХ стана само седми фудбалер во историјата на Рома што постигнал 100 погодоци за овој клуб.

Пелегрини заработи црвен картон за гостите, но и со фудбалер помалку Верету намали на 3-2 од пенал. Сепак, точка на натпреварот стави Бога, кој се извади две минути по направениот пенал, со прецизен удар ја затресе мрежата на „волчицата“ и ја осигура победата на Сасуоло.

Се вчитува...