Волф: Ако тестот биде негативен, Хамилтон ќе вози во Абу Даби

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф вели дека Луис Хамилтон ќе вози на трката за големата награда на Абу Даби, ако добие негативен тест на коронавирус. Британецот ја пропушти трката за големата награда на „Сакир“, а светскиот шампион беше заменет од Џорџ Расел.

„Ако Луис се опорави, а секој ден е се подобар и подобар, го очекувам зад воланот. Потребно е нормално тестот да биде негативен и вирусот веќе да не е во неговото тело. Нигде не се брзаме. Најважно е тој добро да се чувствува“, изјави Волф. 

Хамилтон веќе ја обезбеди седмата титула во Формула 1 и доколку и да не се појави и на последната трка тој ќе го крене пехарот за најдобар во сезоната.

Се вчитува...